Saturday, December 31, 2011


HAPPY HOLIDAYS :)

Wednesday, December 28, 2011

Тхе Мичо – Убо е чоек да се занимава со стрип, едно мисли, друго работи


Предновогодишно интервју :

Стрип цртач и илустратор,Михајло Димитриевски Тхе Мичо е еден од најпознатите македонски стрип цртачи, и веќе седум сезони е дел од тимот на популарното анимирано шоу. „Еднооки“ - кое неодамна почна нова сезона, на нова телевизија - по А1 и Канал 5, јунаците на Контрабанда се селат на ТВ Сител, секоја сабота во 19:30 часот.

И во новата сезона сте дел од тимот на Еднооки, што конкретно работите со нив?
- На „Еднооки“ работам од неодамна, или шо би се рекло од почеток, значи веќе шест години, плус/минус. Работам како цртач на ликовите т.е екипата смислува сценарио, јас ги цртам главните актери, па потоа екипата анимира, монтира и испраќа на ТВ.

Која ви е преокупацијата деновиве?
- Покрај работата на серијата „Еднооки“, ги работам и сите други проекти во страв да не испаднам ко певаљка од Пинк (демек моментално работам на повеќе проекти со видни продуценти) ќе се видат во моментот кога ќе излезат. Работа има многу - плус стрипот и анимацијата се такви да, ако ги видиш ги има – не можеш баш нешто многу многу да кажуваш, а да нема резултати. Стриповите се за луѓето да ги читат и собираат, секако.

Каква грандиозна идеја ви се плетка низ глава?
- Никаква. Моментално покушавам да риповам блу реј верзија од „Војна на ѕвездите“ на формат кој мојот двд со усб плеер ќе го чита, ама досега не ми успева. Пробав ави, мов, воб итн фајл. Ама сигурен сум дека кај и да е, деновиве ќе успеам во наумот. Со то се занимавам последните недела дена. Нормално и чкртам успат. Зато е убо чоек да се занимава со стрип - едно мисли - друго работи.

Ако се земе во предвид дека пред неколку месеци се отвори првата специјализирана стрип продавница, дека добро работи стрип центарот во Велес, дека има нови автори, меѓу кои и жени... Каква е стрип-сцената во Македонија?
- Најпрво стрип сцена во Македонија имало и ќе има. Има еден куп автори кои работеле и во минатото и сега, а допрва доаѓаат млади и перспективни деца кои и тоа како имаат што да покажат. Отварањето на стрипарницата " Бункер" пред неколку месеци беше многу убаво освежување и надополнување на стрип сцената кај нас. Уште едно парче од мозаикот кое недостасуваше. Убавото е што не мора да се влечкаме по балканскиве престолнини и да ги кршиме кичмите со влечкање тони стрипови, туку тие ни се сега тука, што би се рекло, до носот. Тоа што стрипарницата стана и место каде што можат да се набават и стрипови и изданија од домашни автори е еден огромен плус. Мислам дека сега ни недостасува барем уште еден посериозен стрип издавач и да имаме комплетна стрип сцена која ќе функционира во наши рамки. Со активностите на здружението на стрипаџии од Велес не сум нешто многу информиран нити пак заинтересиран, единствено можам да кажам дека пред година дена една поголема група професионални автори и стрип ентузијасти (стрип автори, илустратори, аниматори, дизајнери и слично) направивме здружение - МакСтрипови кое од тогаш до сега беспрекорно (самоиницијативно засега) функционира практично на дневна база. Стрипови, бесплатни стрип школи, списанија, стрип дружби, анимирани филмови се практично работи кои секој ден излегуваат, а повеќе за нив можете да дознаете на нашиот сајт њњњ.макстрип.цом.мк Поделбата, барем во стрип сцената меѓу мажи или жени никогаш ја немало, автор е автор, може и марсовец да е. Со еден збор, веќе споменато неколкупати - со сајтот, авторите, школите, стрип дружбите и од пред неколку месеци стрип книжарата, македонскиот стрип доживува нова ренесанса.

Од каде во Битола толку добри стрипаџии?
- Па има добри стрипаџии сегде низ Македонија, не само во Битола. Ете така се погодило најверојатно битолчани да се поекспонирани. Голема веројатност е дека тоа е од водата. А и работата на стрип е прилично седечка работа што правопропорционално одговара на седењето по кафулиња по цел ден.


Колку интеренетот е во функција на стрипот и обратно?
- Како и во сите сфери и во стрипот интернетот има фантастична примена. Од илегално симнување книги за цртање, стрипови, видеа - до контакти со автори и издавачи кои до пред неколку години не можевме да си ги дозволиме. Па и благодарение на интернетот го работам тоа што го работам - дали е стрип за Америка, Италија или Србија - по доцртувањето само за неколку секунди стига до издавачот (ако е ок протокот). Со еден збор, ако паметно се користи интернетот е благослов а во денешно време и потреба. Не само за фејсбук, ко некој.

Каков е со македонскиот стрип, повеќе се оди на графички израз или на приказна...
- Стрипот во цел универзум, а не само во Македонија мора да оди паралелно, визуелен со наративен дел. Убав цртеж на глупо сценарио ќе биди лош стрип - а добро сценарио со катастрофа цртеж, исто ќе биди лош стрип. Стрипот може да функционира и без зборови, а ако има само зборови а нема цртеж тогаш тоа ќе биде расказ. Како и да е - правилата за стрип се исти и важат сегде. Македонија, Фарските острови и Франција. Исто.

Ако стрипот односно јунаците во него се некој вид алтер его, какви јунаци цртаат македонските автори?
- Македонските автори се закон. Едино, по изборот на темите, можат да ни парираат Јапонците. Како што и претходно кажав на сајтот њњњ.макстрип.цом.мк секој ден има и по неколку каиши (шлајфни, ленти) од домашни автори. Значи од куче кое се грижи за екологија, веселите авантури на ѓаволите во пеколот, мачорот од Австралија, секојдневни проблеми на деца од основно училиште, виртуелни авантури на момче со голем црвен нос, авантури на папагали, холандски варвари со битолско потекло... Милина. Сега, колку тоа се алтер ега не сум сигурен, ама ако се мора да се интервенира одма, бидејќи подоцна ќе биде касно.
Мајтапот настрана - стрипот е забава, а секоја тема која е забавна е добредојдена.


http://www.teamoderna.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=222%3Astrip&catid=13%3Aikoni&Itemid=11


Thursday, December 22, 2011

ЕДНООКИ 7 СЕЗОНА!


ОД САБОТА

24.12.2011

19.30

СИТЕЛ!

:)