Tuesday, July 20, 2010

Рецензија на Загор?





...и то поприлично неписмена :D :D :D
Рецензијава не е од мене.Најверојатно од некое дете е.
Шо не ке најди чоек на интернет.


Загор раскажува


Колибата на Загор и Чико,како и околината на Дарквуд е зафатена со невреме и дожд и обајцата се присилени да останат во затворен простор и да се соочат со монотонијата во истиот.Чико решава да го искористи времето во чистење на колибата и случајно наидува на стари слики за кои го запрашува Загор за нивното потекло.На изненадување на Чико,Загор веднаш го менува расположението и со строг глас му наредува на својот пријател да ги врати работите на своето место.Чико,навреден и изненаден од оваа постапка,решава да го напушти засекогаш, кога Загор го запира во намерата и го замолува за извинување.Потоа му објаснува дека се работи за сликата на неговата мајка и татко и за спомени за кои не сака да се присетува.Сепак,малиот мексиканец е упорен со прашањата и Загор решава да му ја раскаже приказната за неговото минато.Раскажува дека потекнува од доселеничко семејство,неговиот татко е трапер-ловец,а неговата мајка е домаќинка.Неговото детство е безгрижно во идилата на преубавата природа се до моментот кога неговото семејство е ненадејно нападнато од поголема група индијанци предводена од нивниот бел водич-Соломон Кенки.Индијанците ја палат нивната колиба со што сите внатре се осудени на неизбежна смрт.Во последен момент,малиот Патрик е спасен со тоа што неговиот татко не забележително за индијанците го исфрпа во реката преку прозорецот и му го спасува животот изговорувајќи ги неговите последни зборови “биди среќен сине“.Патрик плови по реката во мракот се до моментот кога забележува човечка фигура на брегот крај логорскиот огин.Непознатиот го извлекува Патрик од реката,а овој веднаш го замолува да се вратат до колибата во надеж дека неговите родители преживеале од нападите на индијанците.Откако ќе пристигнат до местото,ќе видат дека малку останало од куќарката,а на Патрик му преостанува единствено да ги закопа своите родители и да се заколне на одмазда.Неговиот спасител е скитникот Фици,трапер и филозоф кој го прифаќа малиот Патрик како свој и го учи на вештините на лов,фрлање на нож и секира.Патрик прераснува во момче и сонува за одмазда,иако Фици за цело време неуспешно се обидува да го оттргне од таквите намери.Омразата на Патрик е преголема и потрагата по Соломон Кенки започнува во блиските населени места и насекаде каде што можат да добијат било каква инфомрација за овој човек.И конечно,еден ден на истокот од езерото Онтарио, во една обична продавница дознаваат нешто повеќе за Соломон кој е земјоделец,проповедник и заповедник на малото племе Абенаки.
Неговото живеалиште е пронајдено и тој е опкружен со поглема група индијанци.Младиот Патрик прави решителен план и ја започнува крвавата одмазда.Пред да стигне до Соломон,убива неколку индијанци со лак и стрела.Во малиот логор сите се изненадени и не знаат на што се должи овој брутален напад.Конечно,Соломон е тешко ранет и пред да го добие завршниот удар,го прашува момчето за мотивите на овој напад.Патрик го присетува на убиството на неговиот татко Мајкл Вајдин во местото Бистра вода.Соломон објаснува дека пред дванаесет години основал заедница на племето Абенаки која подоцна армијата решила да ја растури со што извршила вистински масакр при налетот на војската.Главниот официр бил таткото на Патрик,Мајкл.Момчето во неверување го прифаќа исказот на ранетиот човек,но овој ја докажува вистината преку стари весници кои потврдуваат за настанот со впишани имиња на учесниците во истиот.Во очај,момчето ја прочита насловната страница и во неверување го загуби вниманието кога во истиот момент Соломон се дограби до пиштолот во обид да пука во Патрик.Во последен момент,во просторијата влегува скитникот Фици и му го спасува животот.Сепак,во меѓусебната размена на оган,Фици е смртно погоден и неколку минути подоцна,умира на рацете на Патрик.Подоцна,го напушта местото и заминува во шумата каде запаѓа во длабог сон кој му ги носите најлошите кошмари од минатото.Решава да застане на страната на правдата и започнува да им помага на случајните минувачи во одбрана против разните одметнати племиња,криумчарите на алкохол и разните одметници.Во една таква пресметка,наидува на малата група циркузанти,акробати,магионичари, илузионисти и актери претставени во името на семејстовото Саливан на кои Патрик им помага во одбраната на еден напад на неколку пијани индијанци.Подоцна,Патрик им ја раскажува неговата животна приказна по што се раѓа идејата за Загор Те Неј,Духот со секира.Семејството Саливан се погрижи за стилот на новиот пратеник на Маниту,а неговото огнено крштевање се случува во времето на состанокот на поглаварите од Дарквуд во првите денови на пролета.Тука,малку е објаснето за акробациите и вештините на Загор со лијаните по дрвјата,како и за симболот на орлелот на неговата маица.Тоа ќе се случи многу подоцна во епизодата Нулта година на Дарквуд.Следува претставата за премиерното појавување на Загор како нов дух од шумата кој остава силен впечаток кај полгаварите по вештачките ефекти предизвикани од креативниот ум на Саливанови.За прв пат.Загор се појавува во новиот костим и се прогласува самиот себе си за нов пратеник на Маниту кој ќе ја дели подеднакво правдата кај народите од белата и црвената раса.Поглаварите под влијание на впечатливата церемонија,ги прифаќаат неговите зборови и му се поклонуваат.Само поглаварот на Вајндотите останува несигурен во сета претстава и го повикува Загор на двобој со цел да докаже дека е обичен бел човек и измамник.Загор го прифаќа двобојот и го убива поглаварот.Со тоа остава уште поголем впечаток кај поглаварите.Набрзо се оддалечува и го избира малото островче во срцето на мочуриштето Мо-Хи-Ла за негово ново живеалиште каде ја гради својата колиба и каде што започнува легендата за шумскиот дух.

2 comments:

Vladimir said...

Што убо си раскажал. Браос.

THEMICO said...

Не раскажаф јас.Од по интернети е.Афторо е засега непознат :)