Thursday, July 21, 2011

МАКСТРИПОВИ РЕАКЦИЈА!




Енд нау-самтинг комплитли дифрент....

Писмово е од здружението "МАКСТРИПОВИ" чиј член и еден од оснивачите сум јас,до самонаречениот стрип центар Велес......
За што се работи?
Имено-"МАКСТРИПОВИ" здружението се формира неодамна и негова цел е промовирање на стрипот и слични дисциплини во разни форми кај нас во Македонија.Членови на здружениево се 99% од македонските автори (сценаријо,стрипови,анимации,илустрации и друго) како и голем број на стрип вљубеници.

Од друга страна самонаречениот стрип центар-Велес е невладина организација која 10+ години "наводно" се занимава со истата цел,со една разлика,немаат направено НИШТО!
Барем не за стрипот кај нас.Нивна примарна цел се меѓунаодна соработка и права на ромите( цели достојни за почит но немаат врска со стрип).....
Организацијава е финансирана од министерство за култура и други слични фондови кај нас.
И тоа е и проблемот.

Стрип центарот-Велес до сега ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВАШЕ АВТОРСКИТЕ ДЕЛА на голем број автори кај нас(а и од надвор) БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД АВТОРОТ.
Значи промовираа свои проекти со НАШИ ДЕЛА, добиваа грантови со НАШИ ДЕЛА, си ја презентираа организацијата со НАШИ ДЕЛА.
Просто објаснето-си земаат работи од нашите блогови и сајтови си ги принтаа и си ги представува како свои.
Безобразлукот им е толкав што пред некоја година организираа изложба " ТХЕ МИЧО во ВЕЛЕС" за која јас не ни знаев.Нормално проектов беше финансиран од министерството за култура.

Писмово е официјална реакција на нашето здружение на кое една од функциите е и ЗАШТИТА НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА!


Повеќе за здружението " МАКСТРИПОВИ" тука!
Повеќе за стрип центарот Велес тука!

No comments: